[ВИДЕО] Општа тепачка на Американскиот куп, не се знае кој кого удира

Макфакс

25/08/2025

13:13

465

Големина на фонт

а а а

„Третото полувреме“ од натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република беше скандалозно.

Играчите започнаа физичка пресметка, на центарот од теренот и за момент не беше јасно кој кого удира.

Речиси половина минута траеше сериозниот инцидент во салата во Никарагва, каде што се одржува Американското првенство.

Доминикана славеше по драмата и продолжението (84:83), во второто коло од Групата Ц.

Се очекува реакција од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), како и можни санкции.