Дербито меѓу Борац од Бања Лука и Сараево заврши со конечен резултат 5:1, но завршниот епилог не дава најреална слика за тоа што се случуваше на теренот.
Пресметката меѓу големите ривали донесе очекувана тензија и жестока борба на теренот, а победникот се решаваше во последните 30 минути.
Сараево при резултат 2:1 постигна гол и истиот беше поништен по препорака на ВАР, но незадоволството кај гостите ескалираше откако во неколку минути останаа со играч помалку, а потоа беше досудена и најстрога казна.
Пеналот го направи Стефан Ристовски и тој беше еден од најгласните во протестите, па откако на крајот неговиот тим загуби со 5:1, некогашниот македонски капитен се огласи и на социјалните мрежи.
Дефанзивецот испрати контроверзна порака со необична содржина и ризикува голема казна со потегот кој го направи, па останува да видиме каква ќе биде реакцијата од дисциплинците, иако Ристовски многу брзо ја избриша објавата од социјалните мрежи.
– Добредојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито), – гласи пораката која многу брзо ја избриша Ристовски.