Борусија Дортмунд испушти два гола предност во самата завршница и доживеа голема фрустрација на гостувањето кај Сент Паули, стадион на кој имала и мала тензија во подтрибинскиот простор, и тоа предизвикана од семејството Белингам.
„Милионерите“ водеа 1:3 и на крајот мораа да се задоволат со конечни 3:3 на семафорот, а дополнителна нервоза во гостинскиот табор предизвикал таткото на Џоб Белингам, кој барал објаснувања за раната измена на неговиот син.
Нико Ковач не се мислеше премногу по неубедливото прво полувреме и ги извади од игра Белингам и Адејеми уште на паузата, по што Марк Белингам со својата сопруга се симнал во соблекувалната за да бара објаснувања од водечките луѓе на Борусија.
Новинарите кои имале пристап во оваа зона го уловиле Марк во разговор со спортскиот директор Себастијан Кел, кој самиот признал дека не е задоволен од присуството на блиски луѓе од семејството во простории каде што не им е местото.
– Сите сме разочарани од финишот на мечот, но сепак подтрибинскиот простор мора да остане резервиран за играчи, тренери и директори на тимовите. Таму нема место за луѓе од семејствата и советници, ќе направиме се ова веќе да не се повтори. Сите вклучени во настанот добија јасно известување за тоа, – изјави Кел.