Арсенал оствари убедлива победа над Лидс Јунајтед и најдобра вест беше тоа што проработе гол машината Виктор Ѓокереш, но сепак Микел Артета не можеше целосно да се израдува на триумфот, пред се поради замените кои принудно ги изврши.
Шпанскиот стручњак мораше да ги вади од игра повредените Мартин Одегард и Букајо Сака, но по направените детални медицински прегледи рано утрово, вестите се половично добри.
Повредата на Одегард не е сериозна и тој не е исклучен за настап за дербито против Ливерпул, додека Сака сепак ќе мора да направи пауза од околу еден месец.
Крилниот фудбалер се пожали на проблем со задната ложа и тоа го вклучи алармот кај Артета, па иако се стравуваше од тешка повреда, позитивно е што не станува збор за кинење на мускулот.
Сака поради истегнување ќе паузира околу четири недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Ливерпул, Нотингем Форест, Мачестер Сити и Њукасл, како и оние за Англија во месец септември.