Чаби откри каква порака сакал да испрати со изоставувањето на Винисиус од стартната постава

Дерби

25/08/2025

14:20

808

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо ги измеша картите за натпреварот против Овиедо и остави на клупа неколку фудбалери кои беа стартери против Осасуна, одлука со која новиот тренер на Реал Мадрид очигледно се обидува да најави дека едноствано ќе нема недопирливи во неговиот тим.

Винисиус Жуниор вчера се најде на клупата за резерви и доби 30 минути во вториот дел, но тоа се покажа како полн погодок за Чаби и тимот, од едноставна причина што Бразилецот влезе со огромна мотивација за надигрување и желба да му помогне на тимот.

Вини запиша гол и асистенција за конечни 0:3 против Овиедо, а Чаби по натпреварот објаснувал каква порака им испраќа на сите фудбалери во првиот тим со одлуки како оние вчера.

– Ќе се обидам да го извадам најдоброто од секој поединец за секој натпревар. Винисиус овојпат влезе од клупа и беше одлучувачки за победата.

– Забележа гол и асистенција и тоа е она што го очекувам од секој фудбалер. Сакам сите да бидат подготвени за игра. Секој фудбалер има различни карактеристики и секој треба да биде подготвен да влезе во било која фаза од натпреварот. Тоа ќе биде мојата пракса во текот на цела сезона, – најави Чаби.