[ВИДЕО] Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шкупи: Родител физички нападнал двајца малолетници, по што завршиле во болница

Точка

24/08/2025

16:22

2.895

Големина на фонт

а а а

По натпреварот на младинските екипи од генерација 2009-2010 на Брегалница и Шкупи од Чаир, се случи тежок инцидент во Штип.

Како што пренесуваат штипските медиуми, до инцидентот дошло кога еден родител на дете од гостинскиот клуб влегол на теренот и почнал да ги тепа играчите на Брегалница.

Соопштение од МВР:

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.