Кулата на Водно висока 155 метри, што ја прави околу два и пол пати повисока од Милениумскиот крст светна, а наскоро ќе добие нова содржина.
Таа содржина ќе ја збогати туристичката понуда на Скопје, а во објектот е предвиден ресторан којшто ќе се ротира 360 степени за време од еден час, овозможувајќи им на посетителите панорамски поглед кон целиот град и поширокиот регион.
По тој повод, Ина Многуфина напиша критика на социјалната мрежа Фејсбук, објавата ви ја пренесуваме во целост:
„Светна кулата на Водно па во објектот е предвиден ресторан кој ќе се ротира 360 степени за време од еден час. Панорамски да се гледало Скопје од сите страни. Па и сеа се гледа панорамски ако се качиш пешки или со жичара малце на воздух. Познавајќи ги работите кај нас тоа ќе се врти 3 саати, ќе се расипе и никад нема да проработи после, но, битно ресторан да има.
Светна кулата на Водно па во објектот е предвиден ресторан кој ќе се ротира 360 степени за време од еден час. Панорамски...
Posted by Ina Mnogufina on Sunday, August 24, 2025
За да се стигне до таму треба да го отворат Водно за коли од средно до горе, сигурно на вечера со жичара нема да одат има таа работно време пократко од ресторан. Значи ќе му го отвориме патот, за да може да се вози нагоре надоле цело време за некој што ќе земе да го работи ресторанот да може да му ги напуниме масите. Па после свадби, веселби, пијани морони со коли, паркирања по тревите, толку од уживањето до врв на Водно ако пуштат коли. И овие што сега циркулираат за кулата се многу“.
Инаку, изградбата почна во 2013 година, а според проектот тоа е „посебен антенски систем за контрола на радиофреквенции“, објави „4NEWS.mk“.