[ВИДЕО] Ѓокереш смисли нова прослава за да ги „поздрави“ хејтерите кои го исмеваа по дербито со Јунајтед

Дерби

24/08/2025

10:50

730

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓокереш го имаше првото импресивно попладне како напаѓач на Арсенал, од едноставна причина што шведскиот напаѓач постигна два гола во убедливата победа од 5:0 над Лидс Јунајтед.

Големото летно засилување на Микел Артета одговори на критичарите и постигна два погодоци кои сигурно ќе влијаат позитивно врз неговата самодоверба, но во ситуација кога доби и доста потценувачки коментари за изданието кое го имаше во првото коло против Манчестер Јунајтед, Ѓокереш прославата на вториот гол им ја посвети на хејтерите.

Новиот голгетер на Арсенал доби многу забелешки дека почесто си ја местел косата, отколку што правел добри работи за Арсенал против Јунајтед, па навраќајќи се на тој момент, Виктор го прослави вториот гол против Лидс на тој начин.

Ѓокереш на саркастичен начин си ја местеше косата и испрати „поздрав“ до будните критичари, порака со која јасно стави до знаење дека максимално верува во квалитетите кои ги поседува.

– Да, тоа беше порака до критичарите. Има врска со тоа што се зборуваше изминатиот викенд, – потврди Ѓокереш во интервјуто за „Скај Спортс“.