Киву: Време е да му вратам нешто на клубот, целта на Интер…

Дерби

24/08/2025

11:43

262

Големина на фонт

а а а

Започнува натпреварувачката 2025/2026 во италијанската Серија А, сезона во која еден од фаворитите за пехарот дефинитивно е Интер.

И покрај заминувањето на Симоне Инѕаги и уште некои играчи, „нероаѕурите“ се силни, имаат квалитетен состав од кој најдоброто ќе треба да го извлече Кристијан Киву. Киву е клупска легенда, но без разлика на статусот од него веднаш ќе се очекуваат добри резултати и фудбал кој носи победи и борба за пехари.

-Ова е голема одговорност за мене, а воедно и прекрасна. Веќе некое време сум во овој клуб, на други улоги, имав прекрасни години заедно во кои пораснав како човек, личност и тренер. Сега дојде време да му вратам нешто на овој клуб. Целта на Интер е да биде конкурентен на сите фронтови, без разлика дали станува збор за Скудетото, Лигата на шампионите или Купот на Италија, бидејќи често го гледам тој турнир изоставен. Мора да бидеме конкурентни и да го дадеме најдоброто од себе, да се стремиме кон 38 победи од 38 натпревари, дури и ако тоа е генерално невозможно, но тоа мора да биде менталитетот, -истакна Романецот пред стартот на кампањата.

-Работевме напорно три недели и имавме можност да одиграме и четири пријателски тест натпревари. Видов некои добри работи и некои што не поминаа баш најдобро, но тоа е разбирливо во оваа фаза од летото. Она што ми се допадна беше што немавме сериозни повреди, бидејќи повеќе од резултатот, беше важно да се следи минутажата што секој играч ја имаше во своите нозе. Почнуваме да ги гледаме некои од идеите и тактичките принципи што се обидовме да ги воведеме, -додаде Киву во пресрет на соочувањето со Торино закажано за в понеделник на „Џузепе Меаца“.