[ФОТО] Марко Блажевски прв на Словакиа Ринг и лидер во европскиот шампионат!

Точка

24/08/2025

10:47

469

Големина на фонт

а а а

Македонскиот автомобилист Марко Блажевски оствари голем триумф на познатата патека Словакиа Ринг, освојувајќи го првото место во конкуренција од 20 возачи.

Блажевски стартуваше од четвртата позиција, но со одлична возачка стратегија и маестрално изведени претекнувања успеа да се пробие до самиот врв.


Трката беше неизвесна од почеток до крај, со постојани борби за позиции. Македонецот покажа огромна концентрација и борбеност, особено во последниот круг кога со спектакуларно возење успеа да престигне четири конкуренти и да ја заврши трката како победник.

Со овој фантастичен резултат, Блажевски не само што ја прослави победата на Словакиа Ринг, туку и го презеде водството во генералниот пласман на Европскиот шампионат, потврдувајќи ја својата форма и амбиции за титулата.