[ВИДЕО] Ист судија, различен критериум: Педри ги поддржа фановите на Барса и спореди „Ел Класико“ ситуација со пеналот во Валенсија

Дерби

24/08/2025

10:16

844

Големина на фонт

а а а

Барселона на драматичен начин оствари победа над Леванте и многу потешко од очекувањата ја освои „Сиутат де Валенсија“, стадион на кој изминатава вечер имаше и еден спорен момент пред крајот на првиот дел.

Леванте доби пенал по играње со рака на Балде и ВАР проверката донесе лоши вести за играчите и фановите на Барселона, кои многу брзо оваа ситуација ја споредија со еден „Ел Класико“ момент од минатата сезона.

Ернандес Ернандес не досуди пенал за Барселона против Реал по очигледно играње со рака на Чуамени, а сега за идентична ситуација, истиот судија без размислување покажа на белата точка за Леванте.

Оваа одлука крена голема прашина и фановите на Барселона „распалија“ на социјалните мрежи, а нивната теорија ја поддржа и Педри, фудбалер кој проговори за различниот критериум кој станува несфатлив за професионалните фудбалери.

– Според мене, ова не може да биде пенал. Пред извесно време ни одржаа состанок за вакви ситуации и ни објаснија дека не се пенал. Минатата година на „Можуик“ не се досуди чист пенал за играње со рака на Чуамени, а сега се досуди пенал за ситуација која за мене не е за најстрога казна. Мора да го прифатиме тоа што го свират судиите, но веќе не разбирам што прават. Треба да дадат објаснување за вакви спорни ситуации, – изјави Педри.