Два италијански клуба го посакуваат потписот на Рабио

Дерби

24/08/2025

11:44

328

Големина на фонт

а а а

Адриен Рабио е на трансфер листата на Олимпик Марсеј откако со Џонатан Роу направија тежок инцидент по поразот од Лил.

Тепачката меѓу нив двајца донесе реакција од клубот кој одлучи да се откаже од нив или поточно им испрати јасна порака да си најдат нови клубови до крајот на преодниот рок.

Залудни се сите објаснувања, забелешки пред се од таборот на Рабио дека претерана е реакцијата од Марсеј и дека ако Гринвуд доби втора шанса и тој тоа го заслужува. Французинот има 30 години и се уште може да игра значајна улога, па според „Фудбал Италија“ постои можност да се врати во Серија А каде интерес има од Наполи и Милан.

Наполитанците веќе воспоставиле директен контакт со фудбалерот од средината на теренот, додека „росонерите“ се присутни, ама прво ќе мора да се ослободат од дел од актуелниот играчки кадар за да тргнат поофанзивно за потписот на Адриен.

Тимови од Турција исто така ја следат ситуацијата до Рабио што покажува дека понуди има, ама останува да се дојде до вистинските услови за комплетирање на една ваква операција.