[ВИДЕО] Мајсторија која ќе ја памети: Каналес погоди директно од корнер

Дерби

24/08/2025

15:06

428

Големина на фонт

а а а

Екипата на Монтереј за која настапуваат доста познати фудбалски имиња издвојува убедлива победа над Некакса од 3-0 во рамките на 6. коло во шампионатот на Мексико.

Потегот на мечот го имаше некогашниот член на Реал Мадрид, Валенсија, Бетис и Реал Сосиедад, Серхио Каналес кој постигна гол директно од корнер во 21 минута. Во тие моменти зголеми на 2-0 и му го отвори патот на својот тим до победата.

Претходно Серхио запиша асистенција за атрактивниот гол на Окампос, а на крајот во листата на стрелци своето име го додаде и ветеранот Рамос.