Саша Викери, некогашната 73-та тенисерка во светот, успешно го започна својот настап на квалификациите за УС Опен, а воедно ги шокираше сите со приказната дека заработува повеќе од продажба на содржини на платформата за возрасни.
Викери (30) синоќа ја победи Анастасија Соболева со 2-0 (7-5, 7-5) и се пласираше во втората рунда од квалификациите. Меѓутоа, во меѓувреме таа го изненади светот со искуствата што ги сподели на Инстаграм.
Некогаш одличната американска тенисерка решила да го стави тенисот во втор план и заработува многу повеќе од продажба на содржини за возрасни.
„На почетокот не мислев дека ќе се занимавам со тоа, но сум многу отворена и не ми е гајле што мислат луѓето за мене. Воедно тоа се и најлесните пари што некогаш сум ги заработила во животот и уживам во нив“, рече таа само еден ден пред нејзиниот прв натпревар на УС Опен.
Викери рече дека повеќе не излегува бесплатно со мажи. Имено пред излегување со кој било маж, таа бара депозит од 1.000 долари, а истакна дека причината за тоа е начинот на кој мажите се однесувале кон неа во минатото.
„Повеќе не излегувам бесплатно поради однесувањето на мажите. Сега барам депозит пред состанокот. Испратете ми 1.000 долари и можеме да го реализираме тоа“, додаде Викери.
Таа заклучи дека никогаш повеќе нема да мисли лошо за девојките кои заработуваат преку Онлифенс.
„Никогаш повеќе нема да зборувам глупости за нив. Сумата што ја заработив таму за само два дена, ме преплави со емоции. Навистина ме потресе“, рече воодушевената Викери.
Инаку поради нејзината посветеност на другото хоби, американката падна под 500-то место на ВТА листата. Сепак, таа победи тенисерка која е 300 места подобро рангирана од неа и можеби го најави своето враќање на врвот на светскиот тенис.