Шок за Арсенал: Повреда на важен играч, Артета итно мора да доведе замена

Дерби

20/08/2025

14:21

636

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја отвори сезоната со дерби победа против Манчестер Јунајтед, но само неколку дена подоцна менаџерот Микел Артета се соочи со големо разочарување.

Додека Шпанецот очекува адаптација на големото засилување Виктор Ѓекереш, сериозна повреда заработил Каи Хаверц, објавија германските и англиските медиуми.

Хаверц ја отвори сезоната со надеж дека ќе избегне проблеми со повреди, делуваше дека е во одлична физичка форма, но сега добил лоша вест од лекарскиот тим.

Се работи за повреда на коленото и Дејвид Орнстајн во својата ексклузивна информација, најавува подолга пауза за германскиот интернационалец.

Артета сè уште конечна дијагноза и предвидување за должината на паузата, но истовремено побарал од клубот итно да пронајде солуција и да биде доведен уште еден офанзивен фудбалер до крајот на преодниот рок.