[ВИДЕО] Потег од 1,4 милиони долари не го извел човек – туку мушичка! Неверојатна сцена за аналите на голф терените

Точка

20/08/2025

13:23

770

Големина на фонт

а а а

Драмата траеше 28 секунди, а потоа следуваа шок и големо славје.

На турнирот „BMW Championship“ во Мериленд беше забележан момент кој уште долго ќе се памети меѓу љубителите на голфот – и тоа благодарение на една мушичка.

Томи Флитвуд, англискиот ас и 13. играч на светската ранг-листа, веќе беше на чекор да промаши кога неговата топка се запре веднаш до дупката. Публиката беше убедена дека ударот ќе остане без награда, но по 28 секунди топката сепак се стркала внатре.

Забавената снимка открила дека клучниот момент била токму мушичката која се најде на топчето, се помести и предизвика ротација во вистинскиот момент.

Додека навивачите славеа, Флитвуд се насмеа, свесен дека инсектот можеби му донел највредниот погодок во кариерата.

Резултатот го подигна до петтото место на листата „FedEx Cup“, што му донесе бонус од 1,45 милиони долари, покрај веќе освоените 728.750 долари од самиот турнир.

Со тоа дополнително ја потврди својата одлична форма по третото место на „FedEx St. Jude Championship“, а веќе има и сигурно место во Рајдер Купот заедно со Роуз и Меклрој.