[ВИДЕО] „Бизарната“ работа која Леонардо ди Каприо ја прави со жените во својата вила: Пејачката била поканета во неговата куќа, останала во неверување од она што го видела

Точка

20/08/2025

14:05

1.435

Големина на фонт

а а а

Познатата англиска пејачка и текстописец Дајана Викерс го откри бизарниот момент на кој била сведок кога отишла на забава во куќата на актерот Леонардо Дикаприо откако била поканета, шишува „Дејли мејл“.

Пејачката ја раскажа приказната за својата чудна средба со Лео додека советувала слушател за големата разлика во возраста во љубовните врски, во својот нов подкаст „Само меѓу нас“, кој го води заедно со колумнистката Алис Гидингс.

Дијана го опиша актерот како класичен пример за „холивудски маж со толку многу слава и моќ кој едноставно не сака да порасне“.


„Го запознав Лео еднаш. Тој воопшто нема да се сеќава на тоа. Еден негов пријател ме покани во неговата куќа. Мислев дека ќе биде забава. И потоа завршив седејќи со него и гледајќи телевизија. Беше навистина, навистина бизарно искуство“, рекла таа.

Пејачката и текстописец се сомнева дека таа била само една од многуте млади жени што пријателите на Лео ги донеле во неговата куќа.


„Мислам дека тој има цел систем. Лео очигледно е на чело на тоа и собира згодни момци околу себе, кои сите сакаат да се забавуваат. И тие згодни момци потоа наоѓаат привлечни жени за него – и тоа е многу сомнително. Такви работи се случуваат често во Холивуд. Овие мажи имаат толку многу слава и моќ, а не сакаат да пораснат. Тие само сакаат постојано да бидат опкружени со убави млади жени. Не генерализирам за Лео тука, мислам дека тоа е само шема во Холивуд. Всушност е доста чудно“, раскажала таа.

Дијана ја раскажа својата приказна за Дикаприо додека ја советуваше слушателката Хана за предизвиците на излегувањето со многу постар маж. Пејачката откри дека самата била романтично поврзана со многу постари и многу помлади мажи.

Таа призна дека имала потешкотии со помлади мажи бидејќи нивната незрела енергија ја отежнува комуникацијата.


„Сè повеќе жени се забавуваат со помлади мажи во последно време. Еден од последните момци со кои се забавував беше пет години помлад од мене и го чувствував тоа. Затоа не се снајдовме добро. Кога си постар, сакаш да се туркаш себеси, сакаш да се туркаш до крајни граници. Не се задржуваш толку многу на малите работи. Овој човек секогаш зрачеше незрела енергија, секогаш се држеше до малите работи. Мислам дека се однесував незрело затоа што тој беше незрел. Ме тераше да се чувствувам помалку поврзана со мојата позрела, женствена енергија. Беше како да се вратив во времето. Но, сепак, беше многу забавно“, признала Дајана.