Никол Кидман сподели фотографии од одморот во Хрватска: „Летни спомени“

Точка

20/08/2025

18:19

769

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Никол Кидман објави низа фотографии направени за време на ова лето.

„Летни спомени. Сега назад на училиште“, напиша во описот на објавата во која прикажа различни моменти, меѓу кои и делови од нејзиното патување во Хрватска.

На сликите може да се убавите предели, мирното море, залезите на сонце, како и моменти поминати со семејството.


На фотографиите се појавуваат и нејзините ќерки Фејт (14) и Сандeј Роуз (17), како и остатокот од семејството. Веќе претходно се пишуваше за посетата на Кидман на Хрватска, кога беше откриено дека летува со својата сестра Антонија и внуката Луција Хоулеј. Тие, меѓу другото, престојувале на Хвар и во Дубровник.



Позната по тоа што приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста, Кидман и овој пат пристигна во Хрватска тивко, без големи најави и медиумска помпа, обидувајќи се да ја зачува својата интимност.