Актерката Бела Торн, која е позната по своите остри ставови, неодамна предизвика бројни реакции на мрежите.
Имено таа го запроси нејзиниот партнер, филмскиот и телевизиски продуцент Марк Емс, само две години откако тој ѝ предложил брак.
Актерката објави фотографии и видео од настанот на Инстаграм со емотивен опис:
„Пред три години се запознавме, една година подоцна тој ме запроси, а сега, една година подоцна, јас него“, напиша таа.
Како што може да се види, Бела клечела пред Емс, додека му подарувала прстен во кутија. Романтичната атмосфера ја надополниле свеќите и цветните декорации.
Објавата предизвика бројни реакции, а веќе следниот ден Бела мораше да се огласи.
„Коментарите на мојата објава се смешни! Тотално поделени – половина од вас велат „нема да го нормализираме жените да ги запросуваат мажите“, додека другата половина вели „да, женска моќ, ова е најслаткото“, порача Бела.