Една од највлијателните серии на „Netflix“, мрачна и брилијантна приказна за ловците на сериски убијци, би можела повторно да биде снимена.
Поминаа шест години во чекање, а сега се доби нова надеж дека „Mindhunter“ ќе добие продолжение, можеби не како трета сезона туку во облик на три двочасовни филма.
Актерот Холт Мекалани открил дека неодамна разговарал со Дејвид Финчер којшто е творец на серијата.
Според неговите зборови, постои можност серијата да се врати, но сѐ зависи од тоа дали Финчер ќе биде задоволен од сценаријата и ќе има време да се посвети на проектот.
Да ве потсетиме, и двете досегашни сезони имаат оцена од над 90 отсто на „Rotten Tomatoes“, па продолжението би бил логичен потег.
„Netflix“ и Финчер веќе со години успешно соработуваат, од анимираните антологии „Love, Death & Robots“ до филмот „Mank“ којшто му ја донесе третата номинација за Оскар.
Доколку навистина се започне со реализацијата на „Mindhunter“, нема сомнеж дека ќе гледаме и други главни ѕвезди во него меѓу кои и Џонатан Гроф, Холт Мекалени и Ана Торв, со оглед на тоа што тие веќе изразиле желба да се вратат и да продолжат со истражувањето на најморничавите сериски убијци во историјата.
За што станува збор во серијата?
За оние кои не знаат, серијата „Mindhunter“ е психолошки трилер и крими-драма, основана на истоимена книга која ја напишале Џон Даглас и Марк Олшејкер, пионири во криминалното дефинирање во ФБИ.
Приказната е сместена во доцните 70-ти и раните 80-ти и ги следи специјалните агенти на ФБИ, Холден Форд и Бил Тенч кои заедно со психологот Венди Кар развиваат револуционерен метод, криминално разбирање на сериските убијци.
Тие ги интервјуираат затворените убијци за да ги разберат нивните мотиви и обрасци на однесување, а тоа знаење го користат во решавање на актуелни случаи.
Серијата е позната по бавното темпо, застрашувачки разговори со сериските убијци и по тоа што ги прикажува самите почетоци на модерното ФБИ одделение за бихевиорална анализа.