Одлучено: Објавено кој град ќе биде домаќин на Евровизија 2026 година – трет пат во историјата

Точка

20/08/2025

12:25

848

Големина на фонт

а а а

Оваа одлука следела откако австрискиот претставник Џеј Џеј (JJ) ја однесе победата на Евровизија 2025 година со песната „Wasted Love“, во возбудливото финале.

Организаторите на Евровизија објавија дека наредната година домаќин на престижното музичко натпреварување ќе биде австриската престолнина Виена.

Австрија исто така стана домаќин на јубилејното 70 издание на Евровизија, а Европската радиодифузна унија соопшти дека натпреварувањето ќе биде одржано во виенската сала „Wiener Stadthalle“ најголемата затворена арена во земјата.


Како е избрана Виена?

Покрај Виена, кандидатите за домаќини биле и Грац, Инсбрук и Оберварт. Меѓутоа Виена е избрана по деталната анализа во која бил разгледуван капацитетот и техничката подготвеност на салата, инфраструктурата на градот, можноста да угости илјада делегации, фанови и новинари, како и економската исплатливост.

Австралиската национална телевизија „ORF“ порачала дека Виена би била „најатрактивна не само во поглед на инфраструктурата и логистиката туку и економски“.

Трет пат Евровизија во Виена

Ова ќе биде трет пат Виена да ја угости Евровизија. Првиот пат тоа се случило во 1967 година, вторпат во 2015 година.


Датумите на полуфиналето и финалето

Организаторите веќе го потврдиле распоредот:

- прво полуфинале: 12, мај 2026;
- второ полуфинале: 14 мај, 2026;
- големо финале: 16 мај, 2026.

Во текот на таа седмица ќе бидат одржани и шест генерални проби, а деталите ќе бидат соопштени во наредните месеци. Списокот на земји учесници на 70 песна за Евровизија се очекува кон крајот на годинава.