[ФОТО/ВИДЕО] Додека се снимале во ресторан, автомобил удрил во јутјубери: „Речиси умревме“

Точка

19/08/2025

20:29

636

Големина на фонт

а а а

Застрашувачка ситуација се случила во ресторанот „Cuvee’s Culinary Creations“ во Хјустон, Тексас.

Јутјуберите Нина Анрејтид и Патрик Блеквуд, двајца јутјубери кои водат влогови за својот живот, ги снимаат своите омилени ресторани и слично, биле во споменатиот ресторан и го пробувале менито кога одеднаш автомобил се забил во ресторанот, кршејќи го стаклениот ѕид веднаш до нив.

Нина и Патрик го објавија целото видео на својот канал. На почетокот тоа требаше да биде рецензија за ресторан, но се претвори во приказна за несреќа и нивните повреди. „Речиси умреме“, пишува во насловот на Јутјуб видеото.

„Здраво на сите. Дури и не знаеме од каде да почнеме, заблагодарувајќи се што сме неверојатно среќни што сме живи по она што нѝ се случи. Само седевме во удобно сепаре во нашиот омилен ресторан, уживајќи во „happy hour“ со неверојатен избор на храна како лосос, остриги, макарони со сирење, ракчиња и некои освежителни пијалаци“, напишаа во описот.

Имаат исеченици на лицето и телото

На почетокот од видеото Нина и Патрик ја пробувале храната. Меѓутоа, кратко откако почнале да јадат, се гледа кршење на стаклото покрај Патрик, а потоа и автомобилот кој го пробил ѕидот покрај нив. Нина веднаш избегала, а по неа и Патрик, но стаклото веќе паднало врз нив, предизвикувајќи им исеченици на лицата и телата.


„Се смеевме, одлично се забавувавме и токму кога почнавме да јадеме – бум. Од никаде, овој теренец се заби во стаклен ѕид со брзина од 56 до 64 км/ч. Стаклото се искрши насекаде, настана хаос“, пишува во описот.

Потоа се појавија сцени од брза помош. За среќа, немале сериозни повреди, но јутјуберите биле во шок. Патрик призна дека се чувствува „благословен“ што е жив, но му требаше време да се помири со тоа што се случило. „Мило ми е што сум жив. Само сакам да бидам опкружен со моите домашни миленици, да лежам во својот дом, да јадам сладолед“, рече тој.

„Ова можеше да биде нашиот последен оброк“

Нина сподели слично чувство: „Не знам дали сум среќна или грешам во моментов, но само чувствувам како да сакам да пукнам и да заплачам“.

Подоцна, таа објави фотографии од нивните повреди на Инстаграм. „Пушти, прости, живеј во сегашноста и цени ги оние околу себе – ова можеше да биде нашиот последен оброк“, напиша таа.

Сопственикот на ресторанот разговарал со ТМЗ за ситуацијата, наведувајќи дека иако двајцата јутјубери биле однесени во болница поради повреди, возачот е сосема добро и ќе биде одговорен за штетата што ја предизвикал во ресторанот.