Возење по позната рута, омилена песна на радио и момент на невнимание – тоа е сценариото што довело еден возач во Швајцарија до казна од речиси 100.000 евра.
Иако сумата звучи неверојатна, објаснувањето е многу едноставно и лежи во начинот на кој Швајцарија ги пресметува сообраќајните прекршоци, пренесе autobild.de.
Имено возачот бил фатен како вози со 77 км/ч во зона од 50 км/ч, што тешко може да се нарече случајно пречекорување. Додека таков прекршок во Германија би го чинел 180 евра и еден казнен поен, во Швајцарија се соочува со парична казна со која инаку би може да му купи два нови VW Golf GTI.
Казни врз основа на висината на приходот
Високата казна од 95.500 евра (90.000 швајцарски франци) е резултат на швајцарски закон кој ја одредува висината на казната врз основа на приходот на прекршителот. Според порталот „24 heures“, тој е еден од 300-те најбогати луѓе во земјата, со проценето богатство од неколку стотици милиони франци, а казната е во согласност со тоа.
Сепак, казната само на прв поглед изгледа многу драстично. Возачот мора веднаш да плати „само“ 10.000 франци, додека преостанатите 80.000 франци се условни. Односно доколку мултимилионерот ги почитува сообраќајните прописи во текот на следните три години, нема да мора да ја плати оваа сума.
Швајцарија не е единствената земја со таков систем. Во 2023 година, возач во Финска кој возел во зона од 50 км/ч, 32 км/ч побрзо, добил казна од дури 121.000 евра.