[ФОТО] Најзгодната српска манекенка предизвика хаос на интернет: Позираше во минијатурно бикини

Макфакс

15/08/2025

08:06

3.562

Големина на фонт

а а а

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ е доста активна на социјалните мрежи. Таа често споделува разни семејни фотографии, романтични моменти, но и свои провокативни изданија.

Бидејќи е сезона на одмори, и убавата Софија одмара, но редовно ги информира своите обожаватели за сè.

Нејзините најнови фотографии предизвикаа хаос веднаш по објавувањето. Софија позираше во минијатурно бикини со леопардски принт во провокативни пози, а коментарите за нејзиниот изглед само се нижеа.

Атрактивната убавица уживаше на јахтата, но тоа беше апсолутно неважно кога нејзината зачудувачка фигура беше во кадарот.

„Бомба“, „Најубавата и најжешка манекенка“, „Гориш“, „Кукла“, „Многу си убава“, „Кралица“, беа дел од коментарите.