Возбудливата сезона во „Formula 1“ и борбата меѓу Оскар Пјастри и Ландо Норис за титулата најдобар возач ја донесе во центарот на вниманието прекрасната португалска актерка и манекенка Маргарита Корсеиро.
Португалката веќе некое време е во врска со Норис и моментално важи за „кралица“ на „Formula 1“, и тоа покрај силната конкуренција.
А Корсеиро, која има само 22 години, е позната и по голем љубовен триаголник што пред две години го потресе спортскиот свет.
Во 2019 година, таа го запознала и започнала врска со славниот португалски фудбалер Жоао Феликс. Двајцата беа заедно цели четири години, сè до 2023 година, кога таа беше фотографирана во Монако, во автомобил управуван токму од Норис. Токму тогаш беше откриен љубовниот триаголник.
Како што пишуваа медиумите, Корсеиро во рок од една година дури трипати го изневерила фудбалерот, но на некој начин успевала да ја зачува врската. Сепак, фудбалерот, кој за 117 милиони евра тогаш премина од Бенфика во Атлетико Мадрид, не можел долго да ѝ верува.
Маргарита е родена во гратчето Сантарем, а благодарение на манекенството, рекламите и актерството, денес има над два милиони следбеници на „Instagram“.
Интересно е што Норис и пред Маргарита бил во љубовна врска со уште една Португалка – Луизинја Оливеира. Меѓутоа, тие двајца се разделиле по кратко време на забавување.