Шведскиот атлетичар, Арманд Густав Дуплантис дојде до нов светски рекорд во дисциплината скок со стап на митингот во Будимпешта.
Дуплантис скокна 6,29 метри и по 13. пат во кариерата постави светски рекорд. Ова е третпат во оваа календарска година да ја поместува границата што доволно говори дека е во топ форма која може да му донесе нови височини во иднина.
-Не знам каде ми е границата и не сакам да знам, би сакал да ја откријам, -порача Дуплантис кој за секое поставување на нов најдобар резултат инкасира по 100.000 долари.