Сопругата на последното засилување на ПСЖ морала да брише антируски постови на социјалните мрежи

Дерби

13/08/2025

13:41

858

Големина на фонт

а а а

Украинскиот фудбалер Илја Забарњи вчера официјално го реализираше најзначајниот трансфер во досегашниот тек на својата кариера, па од редовите на Борнмут се пресели во ростерот на европскиот шампион ПСЖ.

Францускиот клуб издвои над 60 милиони евра за овој трансфер и очигледно има големи очекувања од дефанзивецот, но дополнителен предизвик за клубот и фудбалерот е соочувањето на Украинецот со својот руски колега во новиот тим.

Од минатото лето, член на ПСЖ е рускиот голман Матвеј Сафонов, а клубот при реализација на последниот трансфер сигурно посветил посебно внимание за начинот на кој би се избегнале непријатни ситуации во соработката и комуникацијата на претставниците на двете земји кои се во конфликт.

Затоа и не остана незабележан потегот на Ангелина Забарњи, сопругата на новиот дефанзивец на ПСЖ, која деновиве ги избришала сите антируски постови на своите профили на социјалните мрежи.

Во минатото Забарњи исто така јавно говореше со поддршка за својата земја во моментите кога е нападната од Русија, а неговата сопруга во еден од избришаните постови напишала „Штета е што не можат да бидат избришани од планетата засекогаш“.