Црвена Звезда продаде важен играч во клуб од Емиратите

Дерби

13/08/2025

14:11

745

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Црвена Звезда вчера си обезбедија место во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, а двомечот со Пафос ќе значи и последни настапи во црвено-белиот дрес за одличниот Шериф Ендиаје.

Српскиот шампион прифатил понуда за Сенегалецот и тој ќе се пресели во редовите на Ал Џазира, прволигаш во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Медиумите тврдат дека Ал Џазира понудила 10 милиони евра за веднаш да го добие Ендиаје, но Црвена Звезда решила да го задржи уште за плејофот, по цена да добие и 8 милиони евра за овој трансфер.

Договорот не е потпишан и останува да се види кога ќе биде официјализиран, но очигледно е дека сите страни имаат интерес за реализација на трансферот.

Шериф пристигна во Звезда во 2023 година од турскиот клуб Адана Демирспор.