Син на аргентинска легенда го напушта Интер Мајами и се сели во Шпанија

Дерби

13/08/2025

13:10

473

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами ќе се ослободи од двајца играчи наредниов период, а еден од нив е Федерико Редондо, син на поранешниот аргентински репрезентативец Фернандо Редондо.

22-годишниот играч за врска пристигна во тимот од Флорида во 2024 година од редовите на Аргентинос Јуниорс, а сега решил да ја продолжи кариерата на трет различен континент, односно во Европа.

Федерико е роден во Шпанија каде настапуваше неговиот татко и деновиве ќе потпише за Елче, со што ќе настапува на шпанската фудбалска сцена и ќе се обиде да се наметне со своите квалитети.

Редондо во минатото веќе настапуваше за олимписката репрезентација и У-20 репрезентацијата на Аргентина, па се чини дека нема дилеми околу тоа која сениорска селекција ќе ја избере во иднина.

Интер Мајами се разделува и со голманот Дрејк Календер, чиј следен клуб ќе биде МЛС ривалот Шарлот.