Тројца се недопирливи во системот на Чаби Алонсо, меѓу нив не е Винисиус

Макфакс

13/08/2025

10:52

198

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ги заврши подготовките со убедлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш ВСГ Тирол. „Дефенса Централ“, пишува дека овој натпревар јасно ја покажал визијата на новиот тренер Чаби Алонсо, кој знае кои играчи ќе бидат клучни за тимот.

„За време на бројните измени, Алонсо остави тројца играчи на теренот кои го започнаа натпреварот: стоперот Дин Хујсен (20), играчот од средниот ред Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26). Со тоа, тој јасно стави до знаење дека тие се основата на неговата визија, по еден играч од одбраната, средниот ред и нападот, и дека смета на нив повеќе од другите“, пишува „Дифенса Централ“.

Дин Хујсен се покажа како клучен во изнесувањето на топката од задната линија, што беше главната причина за неговото доаѓање во Мадрид од Борнмут за 62 милиони евра. По целосното закрепнување на Едер Милитао, се очекува да формираат моќен стоперски пар со поддршка на Аурелиен Чуамени.

Арда Гулер се оформува како играч кој ќе направи разлика во тактичката шема на Алонсо. Тренерот, како што најави за време на Светското клупско првенство, го гледа како класичен играч од средниот ред. Поради ова, турскиот талент би можел да доминира во поседот на топката и да ја разбива одбраната на противникот со своите прецизни додавања.

Во 82 минути поминати на теренот, Гулер имаше над 90 проценти прецизни додавања, создаде четири шанси, испрати четири клучни додавања и двапати ја погоди пречката, докажувајќи дека може да биде опасен за голот на противникот.

Со десетката на грбот, Килијан Мбапе не можеше да посака подобар почеток. Французинот постигна два гола и ја покажа импресивната физичка трансформација на која неговиот тим работи напорно. Имено, шпанските медиуми пишуваат дека видливо ја подобриле агилноста, брзината и силата.

Со два гола, една асистенција, четири удари во голот и четири клучни додавања, Мбапе го покажа патот за да стане апсолутен лидер на тимот, што Алонсо го очекува од него.

Тренерот веќе изјави дека Мбапе е „компатибилен“ со Гонзало Гарсија, а сега останува да се види како ќе соработува со Винисиус Жуниор, кој доби критики од тренерот по слабата игра против Тирол.