Италијанската јавност и натаму дебатира околу начинот на кој ПСЖ се откажа од Џиџио Донарума и го натера голманот да бара нов клуб ова лето, а меѓу коментарите за медиумите е и тој на легендарниот голман Џанлука Палјука.
Трофејниот повозрасен колега на Донарума смета дека ПСЖ го направил овој потег не поради приоритетите на Луис Енрике, туку поради желбата да заработи пари од неговиот трансфер. Истовремено тој има јасен совет за Џиџио.
– Не верувам дека одлуката на ПСЖ е поради фактот што Донарума е голман кој игра послабо со нога.
– Луис Енрике минатата сезона делеше комплименти за него по секој важен натпревар, нема логика да се направи ваков потег по толку триумфална сезона. Парите се причина за промената на ставот.
– Дури и Едерсон прави грешки, па не сум изненаден што Пеп Гвардиола е заинтересиран за Донарума. Ако бев Џиџио, никако не би ја пропуштил таа шанса, Сити е многу подобар тим од Јунајтед. Но, да не заборавиме дека тој може да реши да остане уште една година и да се бори со Шевалие, а потоа да замине како слободен агент. Можеби во Интер, зошто да не, – рекол Палјука.