Бројни љубители на морето и морските длабочини сонуваат за некаква значајна средба со морско суштество. Се разбира, не со она што може да ги доведе во опасност.
Токму тоа му се случило на искусниот нуркач и подводен снимател Џон Рони кога на почетокот на август со својот пријател и снимател Крис Мален нурнале во заливот Нануз во Канада.
Тоа е област позната по големите октоподи, а Рони и Мален планирале да снимат неколку поголеми примероци. Еден од нив, долг повеќе од три метри, го привлекол нивното внимание.
Додека Рони и Мален му се приближувале на октоподот, го разбудиле неговиот интерес.
„Таа тргна директно кон нас, се фати за камерата и почна да истражува. Тогаш јас едноставно ја пуштив камерата и ѝ дозволив да истражува неколку минути, раскажал Рони за „CBC“.
Видеото што го снимил октоподот е навистина уникатно и прикажува розев центар на октоподот и нејзините пипала кои ја опфаќаат камерата.
„Таа ја носеше камерата наоколу, ја насочуваше кон камења и други работи. Всушност, сама се снимаше“, вели Рони.
По околу три минути снимање, женката октопод сама ја исклучила камерата.
Искрено, ова е најдобрата снимка од внатрешноста на октоподот што самата женка го направи, додал тој.
Интересно е што октоподот, откако завршила со снимањето, „скокнала“ кон Мален и му дала еден вид морско прегрнување. Навистина уникатно искуство за овие нуркачи.
„Тоа беше навистина нежно прегрнување. Тоа е она што се надевав дека ќе го доживеам, тоа е она што го сакав“, рекол Мален.
Тие истакнуваат дека во ниту еден момент октоподот не бил агресивен, туку љубопитно ги истражувала нив и опремата.
Научниците нагласуваат дека октоподите, природно, се многу љубопитни, како мачките. И иако најчесто ќе се скријат кога ќе видат нуркачи, блескавата камера очигледно го привлекла вниманието на овој октопод.
Фактот дека толку долго била близу до нуркачите и ги истражувала нив и опремата покажува дека не се чувствувала загрозено.