Метеорит кој неодамна се урна во семеен дом во американската држава Џорџија е постар од самата планета Земја, потврдија научниците. Вселенската карпа прелета низ небото среде бел ден на 26 јуни и експлодираше, што беше снимено и од НАСА, пишува Би-би-си.
Истражувачи од Универзитетот во Џорџија анализираа фрагменти од карпата што го погоди покривот на куќа во градот Мекдоноу. Врз основа на анализата, тие утврдија дека метеоритот е формиран пред повеќе од 4,6 милијарди години, што го прави постар од нашата планета.
Бројни жители на Џорџија и соседните држави пријавија стотици видувања на огнена топка, придружени со гласен звук на татнеж. Иако карпата брзо се собирала додека минувала низ атмосферата, таа сè уште се движела со брзина од најмалку еден километар во секунда кога го погоди покривот на куќа во округот Хенри.
Неколку фрагменти што ја погодија куќата се доставени до научниците за анализа.
„Овој конкретен метеорит што влезе во атмосферата имаше долга историја пред да го погоди тлото на Мекдоноу“, рекол Скот Харис, геолог на Универзитетот во Џорџија.
#Breaking
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 9, 2025
Meteor CRASHES into Earth in BROAD DAYLIGHT!
▪️A geologist says a meteorite fragment that smashed through a man’s roof in #Henry_County, #Georgia, is older than #Earth itself.pic.twitter.com/mrcxjIzS60#USA
▪️A massive fireball, seen by thousands across multiple…
Користејќи оптичка и електронска микроскопија, Харис и неговиот тим утврдија дека станува збор за хондрит. Според НАСА, тоа е најчестиот вид каменест метеорит, а неговата возраст се проценува на приближно 4,6 милијарди години.
Сопственикот на куќата рече дека продолжува да наоѓа парчиња вселенска прашина околу својот дом. Објектот, официјално наречен метеорит Мекдоноу, е 27-миот метеорит пронајден во областа на Џорџија.
„Порано се очекуваше дека нешто вакво ќе се случи еднаш на секои неколку децении, а не повеќе пати во рок од 20 години. Модерната технологија ќе ни помогне да пронајдеме сè повеќе метеорити“, рекол Харис.
Харис се надева дека објавувањето на неговите наоди за составот и брзината на астероидите ќе помогне подобро да се разберат заканите што ги претставуваат идните удари.
„Еден ден, а никогаш не знаеме кога, нешто големо ќе удри и ќе создаде катастрофална ситуација. Ако можеме да се заштитиме од тоа, сакаме да го направиме тоа“, заклучил тој.