[ВИДЕО] Страшно е што се тој може: Кинескиот робот-куче пробива стакло, се качува по планина …

Точка

11/08/2025

17:28

453

Големина на фонт

а а а

„Unitree Robotics“ го претстави својот нов проект – робот сличен на куче под името „A2 Stellar Explorer“. На снимката што ја објави кинеската компанија оваа недела, „A2“ прави прилично драматичен влез, пробивајќи стаклена плоча. Не трпејќи никаква штета освен можеби неколку гребнатини на својата цврста метална надворешност, „A2“, кој поседува автономни способности, потоа е прикажан како се врти напред преку нерамен терен, пред да изведе акробација балансирајќи на една нога.

Оваа машина исто така може да трча, постигнувајќи максимална брзина од 18 км/ч, а ако тоа не ви е доволно, можете да му ставите тркала па ќе оди уште побрзо. Покрај тоа, овој робот може комотно да носи товар до 25 кг додека оди и 100 кг додека стои, пишува „B92“.

Исто така, качувањето по џиновски бетонски скали за него е „мачкина кашлица“, како и спринтот надолу по скали, а во просторот се снаоѓа благодарение на ултра-широката „LiDAR“ 3Д перцепциска технологија.

Поседува „HD“ камера свртена напред и напредни компјутерски опции кои им помагаат на програмерите дополнително да ги унапредат неговите автономни способности, и доаѓа со две батерии кои лесно се менуваат, иако нема информации колку траат.

Компанијата сè уште не ја објави цената и достапноста на роботот „A2“, но ако биде сличен како „R1“, цената би можела да биде изненадувачки пристапна.