Премиерот на оваа држава користи „ChatGPT“ за совети за водење на државата

Точка

10/08/2025

10:45

1.537

Големина на фонт

а а а

Сите оние кои се плашат од дистописка иднина во која човештвото ги препушта своите клучни одлуки и етички дилеми на алгоритми на вештачката интелигенција, добија нов повод за загриженост. Пример за тоа даде шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува „Gizmodo“.

Кристерсон неодамна во интервју за еден нордиски медиум призна дека повремено се консултира со популарниот четбот „ChatGPT“ за стратегии за водење на државата.

Бара „второ мислење“ од четботот

„Го користам и јас прилично често“, изјави Кристерсон. „Ако ништо друго, тогаш за второ мислење. Што би направиле другите? И дали треба да размислуваме сосема спротивно? Такви прашања“, откри тој.

Неговата изјава предизвика лавина од критики. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна вештачка интелигенција на Универзитетот „Умеа“, предупреди за опасностите од таков пристап.


„Не гласавме за „ChatGPT““

„Колку повеќе се потпира на вештачката интелигенција за едноставни работи, толку е поголем ризикот од преголема доверба во системот“, рече Дигнум. „Тоа е лизгав терен. Мораме да бараме да се гарантира доверливоста. Не гласавме за „ChatGPT““, додаде таа.

Кон критичарите се приклучија и други медиуми, истакнувајќи дека управувањето со државата со помош на четбот не е насоката по која западната цивилизација треба да оди. „Штета за Шведска што вештачката интелигенција во главно претпоставува“, коментираше Сигне Кранц за „Aftonbladet“. „Четботовите ќе напишат она што мислат дека сакате да го чуете, наместо она што треба да го чуете“, додава таа.

Кранц со тоа укажува на познатата слабост на четботовите – склоноста кон давање пристрасни или неточни одговори за да го задоволат корисникот. Во рацете на политичар кој поставува сугестивни прашања, таков алат може да послужи само за потврдување на постоечките ставови, наместо да понуди објективен совет. За среќа, се чини дека мнозинството политичари сè уште не го гледаат „ChatGPT“ како свој советник, пренесува „Gizmodo“.


Технологијата и носењето одлуки

Останува нејасно дали Кристерсон навистина се потпира на вештачката интелигенција во извршувањето на своите должности или само сакал да изгледа модерно споменувајќи ја популарната технологија. Сепак, неговиот случај потврдува растечкиот тренд на потпирање на технологијата за задачи кои до неодамна беа исклучиво во доменот на човечкиот интелект. Тоа отвора прашање колку далеку може да оди таквата пракса и како ќе влијае врз нашата способност за самостојно размислување.