Овие работи никогаш не ги оставајте во автомобилот на жештина – можат сериозно да ве загрозат!

Точка

11/08/2025

13:04

1.357

Големина на фонт

а а а

Опасни работи кои не смеете да ги оставате во автомобилот на сонце – од шишиња вода до лекови.

Сонцето и жештината погубно делуваат врз некои работи што ги користиме и не е паметно да ги оставате во автомобилите.

Можеби изгледа разумно да се држи шише вода во автомобилот за време на топлотен бран. Меѓутоа, одредени хемикалии кои делуваат како врзивни средства и ја прават пластиката флексибилна – предизвикуваат загриженост кај експертите кои го проучуваат нивното влијание врз здравјето на луѓето.

Оставањето вода во пластични шишиња во жежок автомобил може да предизвика ослободување на овие супстанции во водата, пишува „The Sunday Times“.

Исто така, екстремната жештина во автомобилите може да ги оштети батериите на сите уреди што ги користат – како компјутери, мобилни телефони …

Тука се и кремите за сончање, кои никако не смеете да ги оставате на сонце во автомобилот, бидејќи во некои случаи можат да експлодираат.


Следни се сите спрејови – од дезодоранси до лакови за коса. Кога температурата ќе достигне околу 48°C, притисокот во садот се зголемува доволно за да предизвика експлозија, велат стручњаците.

Освен тоа, пластичните рамки на сончевите очила можат да се искриват и да ја сменат бојата, а леќите можат да се деформираат.

Некои лекови, како антибиотици, мора да се чуваат во фрижидер. Лековите генерално не поднесуваат жештина, а некои од нив ќе станат неупотребливи по изложување на екстремно високи температури.

Ако користите адреналински инјекции, нивната ефикасност исчезнува во жешките возила – што може да биде прашање на живот или смрт, пишува „Revijahak“.

Карминот за усни ќе се стопи на високи температури.


Документирано е дека лименките со газирани пијалаци можат да експлодираат кога се изложени на екстремна жештина.

Дури и сокот од портокал може да експлодира ако се остави во автомобилот подолго време – а тоа значи и леплив ентериер …

Оставањето на запалки за еднократна употреба во автомобилите по жешки денови никако не е паметна идеја. Нивната експлозија може да предизвика голема штета, па дури и пукање на ветробранското стакло.

Иако е кажано веќе илјада пати, никогаш не е лошо да се повтори: не оставајте деца и домашни миленици во затворени возила, дури ни за кратко!