Познатиот англиски тапанар, пејач и текстописец Фил Колинс одговори од болница на гласините дека умира.
Поради гласините што ги преплавија социјалните мрежи, според кои Фил Колинс (74) умира, неговиот ПР мораше да реагира.
Претставникот на Фил Колинс ги увери обожавателите дека 74-годишната музичка легенда не страда од сериозен здравствен проблем.
Phil Collins explains why he’s in hospital and debunks hospice claims https://t.co/VN5WIQ0H5h
— The Independent (@Independent) July 28, 2025
Осумкратниот добитник на Греми наградата, поранешен тапанар и фронтмен на британскиот рок бенд „Џенезис“, моментално е во болница по операција на коленото, потврди неговиот портпарол за „Индепендент“ (The Independent).
„Постојано мислам дека треба да одам во студиото и да видам што ќе се случи, но веќе не сум „гладен“ за тоа“, изјави Колинс за списанието „Моџо“ во февруари по неговиот последен концерт со групата во лондонската „О2 арена“.
Концертот беше најавен како последен заеднички концерт на бендот, и на него Колинс се збогуваше со своите обожаватели.
„Работата е што сум многу болен“, рече Колинс во тоа време, додека основачот на „Џенезис“, Питер Габриел, додаде: „Фил не беше во толку добра форма како порано, но тие одлично ја завршија работата“.
Phil Collins' reason for hospitalization is revealed after viral rumors say he was in hospice https://t.co/kxcMf7rA4R
— Daily Mail US (@Daily_MailUS) July 27, 2025
Колинс го објави своето пензионирање од настапите во живо во 2022 година, откако претходно изјави дека „едвај може да ги палките за тапаните“ по тешката повреда на ‘рбетот во 2007 година. Со повредата ги оштетил пршлените во горниот дел од вратот и предизвикал трајно оштетување на нервите.
„Малку сум физички ограничен, што е многу фрустрирачки бидејќи би сакал да си играм таму горе со мојот син“, рече тој во интервју во септември 2021 година.
Синот на Колинс, тапанарот Ник (24 години), го замени својот татко за време на последната турнеја на „Џенезис“, „The Last Domino“, во 2021 година. Ник редовно свири тапани за бендот „Better Strangers“.
Колинс се оженил три пати и има четири деца: Џоел (52), кој е актер, Сајмон (48), кој е тапанар, Лили (36), актерка и ѕвезда од ТВ серијата „Емили во Париз“, Николас (24), исто така тапанар Метју (20), кој е фудбалер.