Ози Озборн поради оваа болест преживувал пекол, а симптомите се откриваат кога е веќе доцна: Невролозите предупредуваат на четири клучни сигнали

Точка

23/07/2025

08:43

1.770

Големина на фонт

а а а

Пејачот Ози Озборн пет години се бореше со Паркинсонова болест, а лекарите долго трагале по вистинската причина за неговото нарушено здравје.

Вчера нѐ напушти Ози Озборн, популарниот „принц на темнината“ којшто со години се бореше со Паркинсонова болест.

Прво се појавиле бројни здравствени проблеми, но причината за истите многу тешко се наоѓала, а дури во 2020 година докторите му воспоставиле дијагноза. Пејачот на бендот „Black Sabbath“ бил принуден да откаже бројни настапи, завршил во количка, а како што болеста напредувала, сѐ потешко зборувал.


Имено, невролозите истакнуваат дека е многу тешко да се открие Паркинсонова болест, особено затоа што нема некоја утврдена процедура, а симптомите се сфаќаат лесно.

Паркинсоновата болест е невродегенеративно заболување кое најчесто се јавува кај лица постари од 60 години. Ова нарушување се карактеризира со изумирање на нервни клетки одговорни за произведување допамин, невротрансмитер клучен за пренесување на сигнали во мозокот и контрола на движењето.

Паркинсоновата болест не настанува оној момент кога ќе се јават неконтролирани движења, таа настанува многу претходно. Оваа болест може да се развива со месеци, па дури и години пред пациентите да ги забележат првите симптоми.

Моментално нема апсолутно лекување на Паркинсонова болест, но постојат ефикасни третмани насочени кон контролата на симптомите и значајно напредување на животот на пациентите.

Поставување на дијагнозата за Паркинсонова болест во рана фаза е значајно во напорите на пациентите што поскоро да им се даде терапија за која се верува дека ќе ја забави болеста.


Со други зборови, раното поставување дијагноза има цел:

- да го ублажи текот на болеста;
- да го намали степенот на хендикеп;
- да ги намали потенцијалните проблеми во иднина.

4 клучни симптоми

Она што Паркинсоновата болест ја прави специфична и тешка за препознавање е тоа што не постојат никакви специфични биомаркери или дијагностички процедури со помош на кои ќе се препознае нејзиното присуство.

Поставувањето дијагноза се врши врз основа на идентификување на рани симптоми на болеста и преглед кај специјалист.

Постојат четири клучни симптоми кои можат да укажат на оваа болест.

Тоа се:

- тремор на рацете, нозете, вилицата;
- вкочанетост на мускули;
- забавени движења;
- нарушена рамнотежа или координација на движењето.


Дали болеста е наследна?

Со децении се верувало дека Паркинсоновата болест нема наследен карактер, со оглед на тоа дека наследниот облик би се препознал во ретки случаи.

Меѓутоа, денес се смета дека меѓу 10 и 15 отсто од заболените поседуваат одредена генетска основа која придонесува во развој на оваа болест.

Ова сфаќање има длабоки импликации за дијагностика, следење и стратегија на лекување, нагласувајќи ја важноста за разбирање на генетските фактори во контекст на Паркинсоновата болест.