[ФОТО] „Global Traveler“ ја додели престижната титула – ова е најдобрата дестинација за одмор за 2025 година

Точка

23/07/2025

09:13

945

Големина на фонт

а а а

Дубровник ја освои престижната титула најдобра дестинација за одмор во групата „Best Leisure Destination for Groups“ на овогодишните „Leisure Lifestyle Awards“ кои ги доделува угледниот американски магазин „Global Traveler“.

Оваа награда го потврдува статусот на Дубровник како едно од најпосакуваните места за луксузен и групен туризам во светот.

Во конкуренција се нашле и дестинации како Костарика, Лос Кабос во Мексико, Италија и Колумбија, но сепак Дубровник го зазел првото место.

Пред сѐ, благодарение на бројот на поволности кои ги нуди на групите патници, од историски знаменитости и врвно сместување до одлична поврзаност и содржини за сите генерации.


Резултат на внимателно спроведена анкета

Победниците биле избрани врз основа на анкета спроведена меѓу читателите на магазинот „Global Traveler“ во периодот од 20 септември 2024 до 30 јануари 2025 година.

Гласањето опфаќало повеќе категории од луксузен и „лајфстајл“ туризам, а анкетата била достапна по пат на печатеното издание на магазинот, директно преку пошта, интернет и имејл.

Раст на американскиот пазар

Ваквото и слични признанија одлично ја позиционираат Хрватска на туристичката мапа од светот. Хрватска е препознаена како квалитетна, атрактивна и одржлива дестинација, особено градот Дубровник којшто го зазел водечкото место во општеството на глобално популарни и реномирани дестинации.


Оваа награда, како и останатите се високо ценети и непристрасни, а базирани се исклучиво на гласовите од читателите.

Меѓу другото, се наградува и туристичката дестинација, хотелите, авио-превозниците, аеродромите, крстарењето, како и останатите туристички производи и содржини.