И малечките кујни можат убаво да се стилизираат, со мали насоки на дизајнерите за ентериер тие ќе изгледаат навистина совршено.
Големите кујни се луксуз, а малите кујни можат да бидат функционални и убави доколку се добро дизајнирани.
Постојат начини да создадете илузија на дополнителен простор во оваа често користена просторија.
Кои бои се идеални за малите кујни?
Топла, валкано бела
Дизајнерите се согласни дека белата боја со топли поттонови е совршен избор за создавање илузија за поголем простор во кујната.
„Топлата бела боја со само малку кремасти нијанси е совршена за ѕидовите и плафоните во малите кујни“, вели дизајнерката Жаклин Гонсалва.
„Таа прекрасно го рефлектира природното светло, помага во отворање на просторот и се комбинира практично со секаков акцент на боја. Тоа е безвременски избор“.
Придушена зелено-сива
Ова е уште една боја која повеќето од дизајнерите ја навеле како препорачана за малите кујни.
„Овие нијанси со низок контраст се неверојатни. Таа мекост ја намалува визуелната пренатрупаност и ја остава просторијата прозрачна“.
Дизајнерката истакнува дека овие бои се одлично решение. Зелено-сивата боја да се искористи во комбинација со топли бели и интересни дрвени тонови во малите кујни.
Ладно сива
Доколку вашата мала кујна содржи елементи од обоено дрво на подовите или орманите, дизајнерката предложува да пробате ладно сиви тонови да додадете на ѕидовите.
Потоа, надополнете го изгледот со кремасто бели украси.