[ФОТО] Кинески "SUV" со 912 коњски сили го освојува пазарот – речиси 10.000 нарачки за само еден ден

Точка

22/07/2025

19:34

673

Големина на фонт

а а а

Создаден е благодарение на соработката помеѓу „Dongfeng“ и компанијата „Huawei“.

Можеби никогаш не сте слушнале за „Dongfeng M-Hero M817“, но овој робустен теренец веќе се покажа како голем хит меѓу купувачите во Кина.

Моделот „M817“ за прв пат беше претставен пред неколку месеци и е создаден благодарение на соработката помеѓу „Dongfeng“ и компанијата „Huawei“.


Станува збор за нешто помал теренец во споредба со „M-Hero 917“ од истата марка.

„Dongfeng“ неодамна ја отвори книгата за нарачки, а за помалку од еден ден прими неверојатни 9.713 повратни депозити.


Важно е да се спомене дека овие депозити се целосно повратни, па постои реална можност многумина што ги уплатиле да не го финализираат купувањето.

Сепак, силниот интерес за овој модел покажува дека робустните теренци имаат пазар во Кина, особено кога се ценовно конкурентни, како што е случајот со „M817“.


Цената на овој модел започнува од 329.900 јуани (околу 46.000 долари) и достигнува до 359.900 јуани (околу 50.000 долари).

Сите верзии користат ист погонски систем со продолжен дострел, кој се состои од 1,5-литарски турбо-бензински мотор напред и два електромотори.


Вкупната моќност изнесува импресивни 912 коњски сили и 1.280 Nm вртежен момент, што е доволно за „M817“ да забрза до 100 км/ч за само 4,2 секунди.

Големата батерија му овозможува да помине до 200 км исклучиво на електрична енергија.


Дизајнот на моделот „M-Hero M817“ несомнено е еден од клучните причини за неговата популарност. На денешниот пазар, каде што многу теренски/SUV модели си личат едни на други, „M817“ се истакнува со уникатен изглед.

Иако е речиси сигурно дека нема да биде понуден во Европа и Соединетите Американски Држави, се појавија информации дека „M817“ ќе се произведува во верзии со волан на лева и десна страна, што отвора врати за продажба на други меѓународни пазари.