Не е познато дали има штета на возилото, но сопственикот ја платил штетата направена на инвентарот на пумпата.
Им се случува и на најдобрите – или подобро кажано, им се случува и на сопствениците на најскапите автомобили. Сопственик на "Bugatti Chiron Pur Sport" (вреден повеќе од 5 милиони евра) направил сериозна грешка додека точел гориво.
Возачот пристигнал на станица во Коста Меса, Калифорнија, за да го дополни резервоарот. Го приклучил цревото за точење гориво во своето "Bugatti", а потоа заминал внатре да плати. Резервоарот на "Chiron" собира дури 100 литри гориво, пренесува "ХАК".
@mugenhaus 3 million dollar Bugatti Chiron Drive Off at gas station! #bugatti #fail #gasstation #carscene #waitforit #fypage #bugattichiron ♬ Spongebob Closing Theme Song Music - Ocean Floor Orchestra
Кога се вратил и го стартувал автомобилот, заборавил на клучниот детаљ – да го извади цревото од возилото. Тоа резултирало со кинење на пумпата, но среќа во несреќа, возачот веднаш застанал. Засега нема информации дали суперавтомобилот претрпел штета, но сопственикот ја покрил направената штета на опремата на бензинската станица.
"Bugatti Chiron Pur Sport" е произведен во само 60 примероци и беше лансиран во 2020 година. Станува збор за посебна, полесна верзија од обичниот "Chiron", со титаниумски издувни цевки и специјален заден спојлер. Овој модел е еден од најбрзите автомобили со внатрешно согорување некогаш направени – опремен е со 8.0-литарски W16 мотор со 1.500 коњски сили и 1.600 Nm вртежен момент.
Оптимизиран е за возење на патека и забрзува од 0 до 100 km/h за само 2,4 секунди, со максимална брзина од 350 km/h. Но овојпат – забрзувањето не беше спектакуларно …