Ако Србите можат, зошто ние да не можеме?

Денар

21/07/2025

13:32

4.865

Големина на фонт

а а а

Додека во Србија минималната плата наскоро ќе достигне 500 евра, а потоа и 550, во Македонија сè уште се води старата расправија: треба ли, може ли, и дали ќе има политичка и економска волја да се зголеми минималецот?

Прашање кое не е само техничко, туку длабоко социјално. Затоа што зад секоја бројка стојат луѓе. А тие бројки, во Македонија, сè уште не се на страната на работниците.

Наредната седница на Економско-социјалниот совет, најавена до крајот на месецов, би можела да биде клучна. Теми има многу – цените што не запираат, владината „кошничка“ која сè уште ја немаме видено, и, се разбира, минималната плата. Ќе се зборува, ќе се предлага, но ќе има ли конкретна одлука?

Владата формално ја отвора вратата за разговор. Оттаму велат дека нема проблем да се зголеми минималецот, ама прво нека се усогласат работодавците и синдикатите.


Префрлување на топката? Или тактичко повлекување?

Работодавачите не се ентузијасти. Нивниот став е познат: платата не е само износ во евра, туку треба да се гледа низ призмата на продуктивноста, учеството во просечната плата и економската реалност на секоја земја посебно.

„Не можете да споредувате минимална плата во Македонија со онаа во Црна Гора или во Србија како да споредувате едни јаболка со други јаболка. Не се исти“, коментираат од Организацијата на работодавачи.

Оттаму порачуваат дека растот на просечната плата е поважен индикатор – и ако веќе има пари, зошто тие да не одат кај оние со повисока продуктивност, наместо само кај минималците?

На другата страна се наоѓаат синдикатите. Таму дилеми нема. Ставот е цврст и без дипломатски извртени формулации: минималната плата мора да се зголеми, и тоа веднаш.

Слободан Трендафилов од ССМ потсетува на непријатната реалност – македонскиот минималец е најнизок не само на Балканот, туку и пошироко низ Европа.

„Во Црна Гора е меѓу 600 и 800 евра, во Босна 600, Србија оди на 500… А кај нас е под 400. За кого е ова добро?“, прашува Трендафилов. И не само што прашува, туку и предупредува: со ваков третман на работната сила, егзодусот нема да запре. Напротив, само ќе се влошува.


Синдикатите бараат 500 евра како нова минимална граница. И тоа не е пуста желба – туку, како што велат, реална потреба, особено ако се земе предвид дека инфлацијата не стивнува.

Во јуни, според Државниот завод за статистика, цените биле за 4,5% повисоки од лани, а храната дури за 6,3%. Тоа значи дека платата што денес ја земаш, веќе утре вреди помалку.

И сега, повторно поглед кон Србија. Таму не само што има одлука, туку и план: од октомври, минималецот скока на 500 евра, а од јануари – на 550. До 2028 – целта е 650 евра.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.