Зошто старите станови во Скопје се продаваат побрзо од новите?

Денар

21/07/2025

18:23

1.906

Големина на фонт

а а а

Во градовите никнуваат нови згради како печурки по дожд, блескаат фасадите, сјае мермерот во влезовите, лифтовите мирисаат на ново. А сепак… често ако ѕирнеш во прозорците навечер, ќе видиш — темнина, нема светло, нема живот. Празни станови, со пакуван паркет и уште пластика на прозорите. Иронија? Не баш.

Старите станови пак, оние со истрошени первази, со плочки што ги ставиле уште дедовците на денешните сопственици. Сега се продаваат со брзина на светлина. Луѓето ги разграбуваат. Зошто?


Причините се колку банални, толку и човечки. Прво, старите згради се по правило на подобра локација. Центарот на секој град одамна е изградена приказна. Таму нема простор за нови комплекси, освен ако не се урне нешто старо. А да бидеш блиску до плоштад, до пазар, до училиште… тоа нема цена. Барем не за просечниот купувач кој сака утре детето пеш да му оди на школо.

Другата работа е метражата. Се сеќаваш на „титоистичките“ станови? Огромни дневни, посебна кујна со трпезарија, широки ходници. Денес такво нешто ретко се гледа. Новоградбите се дизајнирани да сместат што повеќе единици, да се „исцеди“ секој квадратен метар од плацот. Каков резултат добиваме? Мали соби, кујни во дневна, балкон што личи на џеб…


И не е само тоа. Стариот стан можеби ќе бара малку молерисување, смена на електрика или водовод, ама барем знаеш што купуваш. Ѕидовите веќе ја „покажале својата вистина“. Новите градби? Никогаш не си сигурен дали ќе те дочека влага зад шкафот, дали ѕидот ќе „пука“ по две години или пак подрумот ќе се полни со вода. Луѓето се поучени. Не се фрлаат лесно на ново само затоа што е ново.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.