Американскиот претседател Доналд Трамп сподели на својата социјална мрежа „Truth Social“ видео генерирано со вештачка интелигенција, кое прикажува апсење на поранешниот американски претседател Барак Обама.
На снимката се гледа како Трамп и Обама седат и се смеат во Белата куќа, пред во просторијата да влезат агенти на „FBI“ кои го соборуваат Обама на земја и му ставаат лисици. Следната сцена го прикажува Обама како во портокалова затворска униформа шета низ ќелија. „Никој не е над законот“, порача Трамп.
Габард се закани со кривичен прогон за соработниците на Обама
Објавата на Трамп следува откако директорката на националната разузнавачка служба, Тулси Габард, се закани со кривичен прогон на функционери од администрацијата на Обама, обвинувајќи ги дека подготвиле „предавнички заговор“ со цел да прикажат дека победата на Трамп на претседателските избори во 2016 година била резултат на руско мешање.
Таа предупреди дека Обама и високите функционери во неговата администрација „поставиле темели за повеќегодишен државен удар“ против Трамп по неговата победа над Хилари Клинтон.
BREAKING 🚨 Donald Trump posted an Ai video of Obama getting handcuffed and thrown in prison
— MAGA Voice (@MAGAVoice) July 20, 2025
I ABSOLUTELY VOTED FOR THIS 🔥 pic.twitter.com/ZflRcjRKOc
„Fox News“ неодамна објави дека се поведени истраги против поранешниот директор на „CIA“, Џон Бренан, и поранешниот директор на „FBI“, Џејмс Коми, поради наводни неправилности поврзани со минати владини истраги за тврдењата за руско мешање во американските избори.
Разузнавачките агенции во 2017 година проценија дека „целите на Русија биле да ја поткопаат јавната доверба во американскиот демократски процес, да ја оцрнат Хилари Клинтон и да ѝ наштетат на нејзината изборност и потенцијално претседателство“.