Климатските промени и растечки температури на водите во Јадранот довеле до пораст на популацијата на медузи кои значајно го расипуваат летниот одмор.
Меѓутоа, туристите не се без помош. Тие нашле едноставен и ефикасен начин да ги ублажат болните изгореници.
Плажите околу Ровињ, Пула и Умаг се сметаат за подрачја со „зголемен ризик“. Најчесто таму се среќаваат компас-медузи и светкави медузи. Контактот со нив може да биде исклучително болен.
Токсините предизвикуваат пецкање, црвенило и симптоми слични на изгореници.
Јаболков оцет – хит меѓу туристите
Соочени со растот на закана, туристите почнале да бараат начини за ублажување на изгорениците. Се докажало дека клучот за намалување на болката лежи во сечија кујна, во обичен јаболков оцет. Сѐ повеќе луѓе го носат на плажа како неопходен дел од летната опрема.
Експертите препорачуваат веднаш по контактот со медуза раната да се премачка со оцет. Оваа супстанција не само што ја ублажува болката туку и го неутрализира дејството на токсините.
После тоа најдобро е да отидете на доктор за да проверите дали е потребна дополнителна нега. Исто така важно е внимателно да ја прегледате кожата. Доколку на телото останат делови од медузата потребно е внимателно да ги извадите со пинцета.
Медузи – цена на климатските промени?
Експертите нагласуваат дека порастот на популацијата на медузите претставува еден од бројните ефекти на загревање на климата.
Зголемената температура на водата е погодна за нивно размножување, а промената во морските екосистеми може да доведе до понатамошно зголемување на нивниот број.