[ВИДЕО] Семејството Ѓоковиќ „одлепи“ за оваа намирница поради Сабаленка: Многумина не можат ниту да претпостават дека е една од најмоќните за здравјето

Точка

08/07/2025

19:52

2.183

Големина на фонт

а а а

Додека Новак Ѓоковиќ неуморно реди победи на Вимблдон, вниманието на јавноста го привлече една неочекувана и слатка приказна — онаа за неговата ќерка Тара и нејзината нова омилена тенисерка. Иако потекнува од семејство каде тенисот е секојдневие, Тара моментално има сосема поинакви интереси. Не станува збор за рекети, поени или спортски идоли, туку – за храна.

Малата Тара, како што откри нејзиниот татко, е воодушевена од Арина Сабаленка. Белоруската тенисерка обожава да јаде здрава, тропска посластица што секогаш ја има во фрижидер – асаи бобинки. На прес-конференцијата по победата во четвртото коло на Вимблдон, Новак откри дека Тара е „опседната“ со Сабаленка само поради ова овошје.



„Сабаленка ѝ е омилена и само таа ја интересира – што прави, каде е и слично. Постојано ме прашува: 'Можам ли да одам кај Сабаленка дома?' Затоа што ја покани дома – има фрижидер со асаи бобинки. Пред неколку дена бевме кај неа, таа ни ги приготви и сега Тара мисли само на тоа. Не ја интересира тенис, само сака да јаде асаи со неа“, рекол Ѓоковиќ низ смеа.

Што е толку посебно кај асаи бобинките?

Асаи (се изговара а-сaј-и) се мали, темно виолетови бобинки слични на грозје, кои потекнуваат од дождовните шуми на Јужна Америка. Се сметаат за „суперхрана“ поради своите силни антиоксидантни својства. Антиоксидансите помагаат да се спречи или забави оштетувањето на клетките предизвикано од слободни радикали – нестабилни атоми кои можат да предизвикаат разни болести и да го забрзаат стареењето.


Асаи бобинките се достапни во различни форми – сушени, замрзнати, како сок, во прав или како додатоци во исхраната. Се берат од асаи палми и се препознатливи по својата темнолубичаста боја. Нивниот вкус често се опишува како мешавина од чоколадо и шумско овошје, со суптилен метален вкус на крајот.

Здравствени придобивки

Националниот центар за комплементарна и интегративна медицина (NCCIH) наведува дека сè уште нема доволно научни докази за влијанието на асаи производите врз човечкото здравје. Сепак, некои студии покажуваат дека асаи бобинките можат да имаат:

• Антиоксидантни својства, што значи дека можат да помогнат во намалување на оштетувањата на клетките предизвикани од слободни радикали.

• Антиинфламаторно дејство, односно намалување на воспаленијата во телото – клучен фактор во превенција на болести како што се атеросклероза и дијабетес тип 2.

Преглед на студии од 2023 година потврдува дека асаи бобинките содржат полифеноли, вклучувајќи флавоноиди како антоцијанини и проантоцијанидини, кои го намалуваат оксидативниот стрес – еден од главните виновници за оштетување на клетките и стареењето.

Истражување од 2022 година покажа дека екстрактот од асаи може да ги заштити црвените крвни зрнца од оксидативен стрес поврзан со стареење. Истражување од 2011 година укажува и на хиполипидемиски својства, што значи дека може да помогне во намалување на нивото на масти во крвта.


Иако некои производители тврдат дека асаи бобинките помагаат при брзо слабеење, „NCCIH“ истакнува дека не постојат сигурни научни докази за тоа. Сепак, едно истражување од 2011 година покажало дека консумирањето асаи пулпа може да го намали нивото на шеќер и холестерол кај луѓе со вишок килограми.

Нутритивна вредност

Според податоци од Министерството за земјоделство на САД (USDA), една чаша (240 ml) напиток од асаи бобинки содржи:

• 165 калории

• 2,21 g протеини

• 2,21 g вкупни масти

• 34 g јаглехидрати

• 3,19 g растителни влакна

• 50,5 mg калциум

Со оглед на нивните можни здравствени придобивки, добриот вкус и тропската свежина, не е ни чудо што ова овошје го освои и срцето на малата Тара – дури и повеќе од тенисот!