[ФОТО] Ова е најевтиното место во Црна Гора и е за сечиј џеб: Лежалка и чадор 12 евра, парче пица на плажа 2 евра...

Точка

29/07/2025

20:52

2.063

Големина на фонт

а а а

Летната сезона е во полн ек, а од црногорското приморје и натаму пристигнуваат информации, па така додека едни велат дека сезоната пропаднала, други го демантираат тоа.

Местото кое секако е полно како и години наназад е Чањ. Ова место се издвојува по поволните цени кои се прифатливи за сечиј џеб.

„Ние семејниот апартман го плативме 30 евра, на некои 10 минути од плажата. Две лежалки и чадор плаќаме 12 евра, парче пица на плажа е околу 2 евра, кафе и сокови исто така.


Можам да кажам дека не е скапо, како што е на другите места на приморјето. Секој оди таму каде што има да плати“, вели Зорица Миловановиќ која семејно летува во Чањ, Црна Гора.

На плажите во Чањ и Сутоморе владее огромен метеж во екот на сезоната, особено во текот на викендите кога голем број посетители одат и од Црна Гора.

На патот Подгорица-Бар секојдневно се бележи голем сообраќаен метеж, а на 20 јули низ тунелот Созина поминале рекордни 20.719 возила, соопштиле властите.


Регионот го преплавија фотографии од полупразните барови и плажи во Будва, но според последните информации во престолнината на црногорскиот туризам моментално престојуваат 40.000 туристи, а како што велат од туристичките агенции, сезоната постепено се зголемува и се очекува нејзин пик на почетокот на август.

Според податоците на туристичките организации, во јуни во тој град престојувале околу 53.500 посетители, што како што велат е 10 отсто повеќе гости од минатата година.