Заборавете на Малдиви и Сејшели, најубавиот остров на планетата, според изборот на патниците, се наоѓа многу поблиску отколку што мислите, во срцето на Европа.
Во големата анкета на германскиот туристички портал „Travelbook“ во која гласале над 13.000 луѓе на Инстаграм и Фејсбук, победник е Закинтос.
Овој остров во Јонското море ги престигнал и егзотичните дестинации како Бора Бора и островот Праслин на Сејшели. И тоа со причина: Закинтос нуди сѐ што срцето ви бара, од нереално сините лагуни до драматични карпи и заливи кои изгледаат како сцени од авантуристичките филмови.
Плажа „бродолом“ која остава без здив
Најпознатата разгледница од Закинтос е секако популарната Навагио плажа, место каде се наоѓа остаток од криумчарски брод, тиркизното море и карпите кои го одземаат здивот.
До неа може да се стигне со брод, а погледот од карпите се смета за еден од најфотогеничните на светот.
Повеќе од плажа: Пештери, видиковци и желки
Закинтос има авантуристички дух, нуди Сина пештера, рај за нуркање, веслање и истражување. Семејството ќе ужива во плажите Циливи и Аликес, а љубителите на природата можат да ги истражуваат и планинските патеки низ боровите шуми и шармантните села како што се Бочали, Кери...
Посебна атракција е желката „caretta-caretta“ која секоја година доаѓа на островот да положи јајца, особено во заливот Лаганас. Поради нив се воведени строги еколошки мерки, плажите се затвораат преку ноќ, а чамците мора да забават.
Љубезни домаќини и вечера под ѕвездите
Шармот на Закинтос го надополнуваат и луѓето, тие се многу гостопримливи, а таму има и ресторани со домашна храна под ведро небо и опуштена атмосфера на секој чекор.
Најдобар начин да го запознаете е изнајмување на автомобил или скутер затоа што автобусите не одат до сите заливи.