Кога се обидувате да се храните здраво, немојте веднаш да се фокусирате на забраните затоа што доколку нешто себеси си забраните, тоа станува попримамливо.
Наместо тоа, размислете колку вашето здравје е поважно од моментот на уживање. Доколку себеси си го поставите тоа како мотивација, полесно ќе правите паметни избори.
6 видови намирници кои, кога сте во можност треба да ги избегнувате, особено кога стареете.
1. Пржена храна, калориска бомба во чинија
Храната која е пржена во длабоко масло, како што е помфритот или похуваните тиквички, содржи голема количина заситени масти кои го зголемуваат нивото на лош холестерол и го зголемуваат ризикот од срцеви болести.
Совет за замена: Наместо пржен – користете свеж зеленчук. На декларацијата гледајте производите да не содржат повеќе од 2 грама заситени масти на 200 калории.
2. Засладени пијалаци, шеќерот којшто не се гледа, а многу значи
Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање засладени напитоци го зголемува ризикот од болести на црниот дроб, гојазност и дијабетес.
Внесувањето на дополнителни шеќери сведете го на помалку од 50 грама дневно.
3. Готова храна полна со скриени шеќери
Многу сосови, готови јадења и полуготови комбинации содржат шеќер и таму каде не очекувате. Вишокот шеќер го оптоварува панкреасот и црниот дроб и го зголемува ризикот од мастен црн дроб, срцеви и воспалителни болести.
Совет: Не плашете се од шеќерот од овошјето, проблемот е во дополнителните шеќери. Проверете ја декларацијата и бирајте што поприродни варијанти.
4. Скриена сол, непријател на крвниот притисок
Готовите јадења, конзервираните супи, замрзнати пици, сето тоа може да содржи огромна количина сол која не ја гледате. Премногу натриум го зголемува крвниот притисок и ги оптоварува бубрезите.
Совет: Внесот на сол ограничете го на 1.500-2.300 милиграми дневно.
5. Ултра преработени грицки, повеќе хемија отколку храна
Грицките, засладениот јогурт, кечап, полуготови јадења и чипсови, преполни се со адитиви, соли, шеќери и масти. Поголем дел од нив се сиромашни со растителни влакна и есенцијални минерали, а богати се со празни калории кои на телото не му значат ништо.
6. Алкохол, скриени ризици во чашата
Како што старееме, метаболизмот се менува и алкохолот станува потешко поднослив. Освен што го зголемува ризикот од пад, може да пречи во лековите и да придонесе во болести на срцето, бубрезите, црниот дроб, па дури и да предизвика деменција.